Search

Мистерија: Двојка грабна девојче, а потоа ги најдоа удавени: Малечката ја бара цела Кина, никој не знае каде е

Мистерија: Двојка грабна девојче, а потоа ги најдоа удавени: Малечката ја бара цела Кина, никој не знае каде е

Девојчето Занг Зиксин (9) последен пат е видена во неделата вечер, кога е грабната, а кинеските служби ја бараат по пештерите и долж Источното кинеско море.

Иако користат сонари и беспилотни летала, се уште немаат успех.

Меѓутоа, таа е видена на 150 километри од куќата, а мистеријата да биде поголема, три часа подоцна, истите тие луѓе се снимени на камера, но без девојчето.

А потоа тие двајца, маж и жена, извршиле самоубиство, давејќи се во блиското езеро.

Таткото на девојчето, Занг Јун, рече дека потстанари ги измамиле неговите родители и ги наговориле, додека тој бил на работа, да им дозволата девојчето да го однесат на една венчавка каде би помагала во носењето цвеќе.

Мажот е идентификуван како Лианг Денгхуа, а жената само по презимето Ксие. Таткото на девојчето не им дал дозвола, но сепак го зеле.

Следните три дена со него комуницирале по пат на кинеските социјални мрежи, велејќи му да не се грижи. меѓутоа во неделата вечер работите станале многу сомнителни кога Лианд одбил таткото да дојде со автомобил по нив, но прифатил да им плати такси за да се вратат. Меѓутоа тогаш го исклучил телефонот, а следно што дознал било дека киднаперите се самоубиле.

Властите веднаш почнале потрага.

Меѓутоа, локалните медиуми успеале да дознаат дека Лианг имал проблеми со менталното здравје, а Ксие била во долгови.

Таткото на девојчето и нејзината мајка службено побарале развод на бракот во понеделникот, кога Зиксин веќе исчезнала, а мајката речиси три години не си ја видела својата ќерка, а за киднапирањето дознала во средата.

Треба да знаете
Последни објави