Search

Мистериозна смрт на 22-годишен кошаркар

Поранешниот кошаркар на UCLA, Џејлен Хил (22) е пронајден мртов неколку дена откако исчезна во Костарика. Неговото семејство потврди дека починал.

Не се знае многу за неговата смрт. Семејството само објави дека Џејлен починал на 22-годишна возраст. Високиот 208 сантиметри Хил го одигра својот последен натпревар во кариерата на крајот на јануари 2021 година.

„Веста за смртта на Џејлен Хил е потресна. Нашите мисли се со неговото семејство. Џејлен беше момче со големо срце и голема насмевка. Тој не напушти прерано”, изјави Мик Кронин, неговиот тренер од UCLA.

Причината за смртта може да биде депресија. Хил го напуштил колеџот во 2021 година барајќи одмор од сето тоа и признал дека често бил депресивен поради неговата огромна желба да успее.

Треба да знаете
Последни објави