Search

Мистериозна смрт во Бангкок, телото на плејбој-зајачица пронајдено во лифт

Плејбој-зајачицата Титим Норафанфифат беше пронајдена мртва во лифт од зграда во Бангкок, пренесува „Дејли мејл“. Таа имала само 25 години, а полицијата сè уште ги истражува околностите на нејзината смрт.

Полицијата не сака да ги објавува деталите, бидејќи сè уште се чекаат резултати од обдукција за да се утврди причината за смртта. Нема повреди на нејзиното тело.

Сè уште нема осомничени иако камерите во зградата снимиле сè. Поточно, маж ја носел Титим, ја ставил на подот во лифтот и заминал. Тој ѝ кажал на полицијата дека моделот го запознал на настанот на кој работеле двајцата. Тој ја однел кај себе дома затоа што таа била премногу пијана за да му ја каже адресата на која живее.

Според човекот, чиј идентитет не бил откриен јавно, Титим се онесвестила, а тој ја ставил на креветот да се одмори и ги повикал пријателите да дојдат да ја земат.

„Јас нема да избегам затоа што сум невин. Можеби сакам да се шегувам, но јас сум џентлмен. Ништо не ѝ направив“, рече човекот, кој на крајот беше ослободен од полицијата.

Резултатите од истрагата се во очекување.

Треба да знаете
Последни објави