Search

Николоски мисли дека Груевски е во Скопје, но не кажа зошто не се појавил во судот

Николоски мисли дека Груевски е во Скопје, но не кажа зошто не се појавил во судот

Mислам дека Груевски е во Скопје, но за причините зошто не беше во судот на изрекување на пресудата, одговорија од адвокатскиот тим, изјави Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на прашањето зошто експремиерот Никола Груевски не присуствуваше на изрекувањето на пресудата за случајот „Тенк“.

-Мислам дека имаше одговор од одбраната, ова прашање ве упатувам да и го поставите на одбраната. Јас не сум одбрана и не сум адвокат да ви одговарам на прашањето. Мислам дека е во Скопје, немам познавање за да можам да ви објаснам во стручниот дел – рече Николоски

Николоски ја искритикува судската одлука со која Груевски беше осуден на казна затвор од 2 години.

„Оваа пресуда не е пресуда поради тоа што некој се стекнал со противправна имотна корист, или поради тоа што била нанесена некаква штета на државата, затоа што штета нема, ‘мерцедесот’ и сега се вози, Груевски не си го зема дома. Оваа пресуда има повеќе цели, Никола Груевски, кој беше симбол за зачувување на националните интереси, економски успеси и привлекување инвеститори, да се засени и да биде политички дисквалификуван“, рече Николоски.

Според Николоски, судот не го интересирале ниту докази ниту факти, туку само реализација на политичките нарачки на Заев и СДСМ, за пресметка со сите што мислат поинаку.

Експремиерот Груевски денеска не присуствуваше на изрекувањето на пресудата за предметот „Тенк“, во кој покрај него, обвинет е и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, и ексминистерката Гордана Јанкуловска. На Поповски му беше изречена казна затвор од 6 години и 6 месеци.

Груевски утрото беше во кривичниот суд, каде ги слушаше бомбите за предметот „Тракеторија“, но потоа не дојде на судењето во 13 часот, на кое беше осуден на 2 години.

Треба да знаете
Последни објави