Search

Мисајловски: Тоа што работата не им е завршена, не значи дека “понуди” до пратеници нема

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски му одговори на премиерот Оливер Спасовски, кој во интервју рече дека купувањето пратеници било небулоза на опозицијата.

-Тоа што работата не им е завршена, не значи дека “понуди” до пратеници нема. А впрочем купувањето пратеници некако стана заштитен знак на СДСМ за што говори и минатото искуство. Од Власт која организираше поткуп и фалсификат избори какви што поминавме, не може да се очекува чесност и принципи. Што се однесува до формирањето на нова влада и неговото тврдење дека залудно се чекале нови избори, добро е доколку еве толку е уверен дека СДСМ ќе ја формира владата да видиме кој е составот на таа влада, чиво ќе биде премиерското место и чуму толку нервоза доколку работите им одат “подмачкано” или да не биде работата кажана низ призмата на еден од нивните потпретседатели “гладна кокошка просо сонува”, тоа допрва ќе видиме, вели Мисајловски.

https://www.facebook.com/misajlovskivlado/posts/2342138896093133

Треба да знаете
Последни објави