Search

Мисајловски: Да ги погледнеме луѓето, да не бегаме и ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на 12 Април

Интегрален текст од говор на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на настан организиран од страна на на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ одржан денеска во Велес.

 

„После вакви говори, јас нема да го читам мојот говор, нека остане запаметено ова што го кажаа овие прекрасни дами. Јас на почетокот сакам сите поготово мажите да станеме и да им кажеме на овие прекрасни убавици – Благодарам, благодарам за се што направивте.

Ова е најмалку што можеме да направиме, ве има насекаде, некои велат дека вие сте моторот на организацијата. Некои велат дека сте пчелите на организацијата, највредните. И тоа е точно се разбира, но јас би кажал нешто поинаку. За мене вие сте душата и срцето на организацијата. Без вас не може да   постои ВМРО-ДПМНЕ.

Видовме прекрасни слики, видовме едно убаво видео, видовме каде се вие жените сте отишле, се што сте направиле за оваа организација. Јас сакам да се заблагодарам на Благица. Благица секоја чест за тоа што го правите! Честитки на Унија за жени, и извршниот комитет, се разбира и централниот комитет.

Весна ми спомна кога требало да ја земат салата им рекле нема да ја наполните. Весна, Ве замолувам во моето име пренеси им дека во моите очи тука ја гледам новата влада  на Република Македонија. Кај и да отидеме ќе ги наполниме салите. Ова е најмасовната, најдобрата, најорганизираната и се разбира најубавата организација, а тоа е Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Да сте ми живи и здрави и да продолжите ова да го правите.

Сакам исто така да се заблагодарам од името на претседателот кој за жал не можеше да дојде поради некогаш има и тажни случувања во нашите животи, каде што мора да идеме и на такви настани.

Но јас ја имам оваа чест и сакам да од неговото име на сите да ви кажам благодарам, за се она што го правите, за се. И за сите претходни состави, Елена дојде тука зема неколку збора, кажа што се случувало во минатото, но тоа е можам да кажам само една стотинка од тоа што се случувало. Сите раководства, сите претседателки на Унијата на жени, секоја чест за тоа што сте го работеле во годините бидејќи без вас не може да ја биде Македонија. Вие сте моторот, буквално моторот и водилката на оваа партија. Продолжете тоа да го правите, секогаш и секогаш да запамтиме дека историјата ни покажува какви жени имало во ВМРО-ДПМНЕ. И да им речеме едно благодарам и да останат врежани во историјата на ВМРО-ДПМНЕ.  И дека без нив нема Македонија, но и без нив нема ВМРО-ДПМНЕ. Уште еднаш благодарност до сите.

Тешко е да се брани лавот, овој тука лав што го имаме на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е навистина тешко. Зошто ВМРО-ДПМНЕ е создадено за тешки работи, да било лесно нема да постои. Јас во една прилика кажав пред некои три години можеби и повеќе пробаа лавот да падне на земја. Пробаа со различни хиени да го распарчат, можеби тоа им успеа одреден период мора да бидеме искрени. Пробаа да не спуштат на земја, да ни пуштат толку многу провокации со една цел да се смени ВМРО-ДПМНЕ, да падне брендот  и да дојде некоја нова гарнитура. И да се случи тоа, ние бевме можеби тој период на земјата, но заборавија една работа лавот не е само сам, има многу други лавови што ќе помогнат и лавици како вас да се издигне. И тоа набрзо сите ќе го видат на 12 април што значи да сме членови на оваа горда партија која ќе ја формира новата влада и ќе побара одговорност за се она што се случи и што го направија против нас. Затоа набрзо сите, ќе отидеме до секое село, ќе отидеме до секој град, на секое уличе да ги замолиме граѓаните, да ја покажеме нашата визија, она што го планираме, се разбира и со „Обновата на Македонија“ да ни дадат доверба. Бидејќи вака не може. Тие се инсталирани само за една цел, а тоа го знаете сите, како да го сменат идентитетот, како да ни ја заробат Република Македонија и да го сменат уставното име. Но има и горди луѓе, луѓе како вас што тоа нема да го дозволат.

Јас би се заблагодарил и на Илија Димовски што не потклекна на сите провокации, не гласаше за ништо  што ќе наштети на државата. И не само на него, на сите пратеници, пратенички што пробаа да ги скршат со сите можни провокации, прогони, измислени клевети, измислени обвиненија и сл. И сега да видиме што се случувало, а тоа може да го видите и сами, жената е симбол, најголем симбол во нашите животи. Слушнавте едно детенце тука што со мајка дошло се расплака, се насмеа, тоа е жената, жртва прави за секој настан  на ВМРО-ДПМНЕ. Секоја чест. Кажете му на вашето детенце дека оваа гарнитура ќе победи за Македонија. Ќе се борат за Македонија. И сегашниот состав на пратеници се бори за Македонија за да сите деца имаат подобар живот и да не се иселат од Македонија.

Имаме целосен прогон врз нас и морам да споменам и неколку жени. Ти се главните жени знаете „Чарлиевите ангели“ ги нарекуваат, и што знам како маички правеа од нив и сл. Но сфативме една работа дека таа хибридна институција која беше создадена за цел да се врши прогон врз ВМРО-ДПМНЕ и да се уништи идентитетот на македонското во сите нас видовме зошто се создадени, што правеа, до кај стигнаа. Гледаме 9 000 евра дневно за јаткасти плодови, гледаме 30 000 евра како на шофер давале, гледаме милионски суми како се делеле незаконски и на крај ВМРО-ДПМНЕ треба да биде криво за се. Не, ние ќе ги исправиме сите работи. Ќе ги исправиме но затоа ни треба народот, затоа ве замолувам од моето име, но и од претседателот Христијан Мицкоски да допреме  до сите граѓани, да ја раскажеме нашата приказна и ние да ја предводиме новата влада на Република Македонија и да ја побараме одговорноста што следи. Затоа ве замолувам сите, отидете на терен. Имаме само уште еден месец  каде што ќе се формира техничката влада, ќе имаме поголема прецизност, ќе знаеме што точно се случува. Знаете претходните избори што се се случуваше насекаде, на секое избирачко место. Впрочем вие сте најповикуваните дека ги знаете тие работи бидејќи вие го чувствувате скоро во се. Пробуваат на секој можен начин  да побегнат од избори, но веќе не можат.

Затоа со оваа техничка влада и во предизборието што следи, со новата програма „Обнова за Македонија“ , ајде навистина да се обнови Македонија. Ајде сите да ги посетиме. Имаме краток период, брзо ќе помине и јануари знаеме колку има празници, веднаш ќе фати изборната кампања, тоа е шансата за сите нас. Тоа е можноста и периодот каде што ние сите сплотено треба да им го испорачаме резултатот. Зошто ова го велам? Не го велам случајно. Низ сите овие години  имаше доста луѓе што беа  разочарани и тоа треба да си го признаеме, можеби сме погрешиле, можеби  некој лично со некој проект што не сме го исполниле, нешто што сме ветиле или слично.

Да ги погледнеме луѓето, да не бегаме. Тогаш јас ви ветувам дека ако отидеме кај овие граѓани и сите заедно пробуваме да дадеме барем еден од она што го имаме многу јако ќе победиме, многу јако ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на 12 Април и тоа лично ви го ветувам на сите.

Слушнавме дека првиот човек на државата сака да си замине од Република Македонија. Но, не може да дава прв човек таква изјава. Дали он ги мотивира луѓето да се иселат, дали ги мотивира или ја гледа очајната политика што ја води оваа власт?

Вториот човек на државата или по хиерархија трет, премиерот на државата вели дека психички е растроен или слично. Јас се прашувам дали сега сите луѓе во Република Македонија или поготово младите ви сакал да останат кога ги гледаат изјавите на овие луѓе и тоа што прават? Која е оваа порака што ја праќаат на сите граѓани.

Гледаме корумпирано судство, гледаме во ниеден ресор каде што нема реформи , гледаме дека ветуваат 300 работи но, ништо е исполнето. Ветуваа 100 000 денари за докторите, 500 км автопатишта, пред некој ден слушнавме не можеле да ги завршат сега, во наредните 10 години. Но и во овие три години воопшто не почнале ниту со проектирање на било каков проект.

Да ве потсетам Клиничкиот центар ветија дека ќе го почнат во декември, најверојатно утре ќе почнат пак „мало сутра“ најверојатно. Таква е оваа влада.

Ни ветија зголемување на платите во секој ресор, но, тоа не се случи, и што прават сега. Со популизам  сакаат во буџетот да ставаат дополнителни средства како ќе го зајакнуваат човечкиот потенцијал и капацитет. Но, тоа не е вистина, тоа е едно подмитување на граѓаните пред избори. Тоа сите добро го знаат. Затоа ние треба да ги разобличиме насекаде и ова да го кажеме.

Вие кога знаете дек ќе си заминете од премиерската функција веднаш да ви текне дека немате ниту една добра политика спрема народот, да почнете да ветувате зголемени плати, зголемени пензии итн.

Дури јас се плашам дека овие луѓе на власт веруваат во овие лаги што ги кажуваат, до тој степен отиде работата што излегуваат на телевизија и кажуваат што се имаат направено и лажат, не мамат сите нас, но на крајот веруваат и сега гледам почнуваат да одат на терен и повторно како и пред 3 години на парламентарните избори каде што ветуваат еден работи што не можат да ги исполнат, сега сакаат повторно сакаат со ниски страсти да ги кажат дека навистина тоа е изградено, направено. Ви текнува кога една министерка за инвестиција ја прашаа да наброи неколку странски инвестиции, се налути бидејќи и поставуваат такво прашање, бидејќи не знае.

Но, сега викаат рекордни инвестиции, но не е така. Но, тоа ние треба да го сработиме сега на терен, да појдеме до граѓаните, да им го објасниме сето ова бидејќи може да приметите дека  и најголем дел на медиумите за жал оваа власт повеќе ја рекламираат, баш буквално така да кажам.

Но, ние сме храбра партија, сме поминале многу работи, се чувствува сега, се чувствува дека се променува власта, се чувствува секаде. Доаѓа нова енергија и јас би сакал сите да ми ја дадеме на Христијан Мицкоски зашто навистина вреди, и јас сум потпреседател на пратија и ќе останам до крај со него, но вреди, вреди шансата да почнеме да ја правиме обновата за Македонија.

Човекот остана чесен и честит цело време. Ајде сите заедно УЖ, УМС, сите граѓани  ајде да ги повикаме, ајде да направиме резултат каде што потоа никој не ќе може да прави никакви математики, затоа ни треба многу голема победа, затоа мораме да сработиме.

Иако се чувствува победата, се чувствува, ви текнува дека пред неколку години размислувавме како ново обвинение ќе смисли, кој ќе биде следен во прогонот, што ќе и направат на партијата, што ќе измислат за претседателот, за раководството, со кого ќе не скараат, сега  други работи се зборат.

Сега се зборува за обнова на Македонија, се зборува за проекти, се збори за тоа кој ќе бидат на позициите на новата влада, се бори кои  раководни органи ќе бидат итн.

Затоа се смени климата сите го знаат тоа, анкетите барем тоа го покажуваат постојано.

И затоа не случајно и вчера излезе една изјава од  челник на СДСМ дека можно е да немало избори. Знаете ли зошто го изјави тоа? Не  е прашањето за НАТО, затоа што завчера им стигнале анкетите, ги имаат погледнато анкетите. Поразот не им бега, затоа сите заедно ќе ги победиме. Ве замолувам сите да ја дадеме поддршката и да го рашириме гласот за новиот мандатар на оваа влада, но секако и за сите вие  што ќе учествувате во промената и во  обновата на Македонија бидејќи вие самите сте обновата на Република Македонија и благодарам за тоа што го правите, правете го и во идниот период.

За крај би сакал да кажам, овој период како што кажа и Благица следуваат многу тешки времиња, следуваат многу лаги кои што ќе бидат изнесени. Следува, многу тешка кампања, црна кампања, бидејќи како што можевме да забележиме овие неколку дена, повторно ја вратија црната кампања и сите оние теми каде што сакаат повторно да го оцрнат ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да бидеме претпазливи во следниот период. Набрзо ќе излезе и новата програма на ВМРО-ДПМНЕ каде што уште неколку имаме циклуси за „Обнова на Македонија“ и потоа ќе излеземе со наши проекти со ветувања кои што навистина ќе ги направиме, а не со оние лажни покачувања од наводни 40 евра, а они 4 милиони евра да договараат во 4 очи.

 

 

Или онаа лага за пензионерите, да им скратат прво од пензиите, а потоа повторно да им дадат или ќе видиме дали воопшто ќе им дадат и слично.

Затоа внимавајте на сите искушенија кои што следат, но заедно можеме многу повеќе да направиме. Јас нема да зборам за апатијата што владее од оваа власт, бидејќи ако почнам само црнила ќе треба да редам.

На крајот само сакам да завршам со позитивни мисли. Држете се луѓе еден со друг бидејќи ова е најголемата партија, најмасовната партија, најдобрата организација во Македонија. И на крајот сакам само да ви кажам, вие жени, вие лавици, бидете тоа што сте, бидете единствени и да останете засекогаш врежани во оваа партија на пиедесталот бидејќи вие сте лавиците кои што ја сакаат Македонија и секогаш сте тука за нас.

Ви благодарам за сето тоа што го правите, да сте ми живи и здрав.

Да живее ВМРО-ДПМНЕ и да живее Република Македонија

 

 

Треба да знаете
Последни објави