Search

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ се залага за силна економија и за младина која ќе остане да живее и создава во Република Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на изборната единица 2 Владо Мисајловски, вечерва гостуваше во емисијата на МТВ каде што даде интервју и свое видување за предвремените парламентарни избори.

Во однос на економската состојба во државата, Мисајловски вели дека владата наместо да се расфрла со пари само кај одредена категорија на луѓе за да ги задоволи моментално, треба директно да инјектира средства во малите и средните претпријатија.

Ситуацијата во Република Македонија е загрижувачка и без стимулација од владата, голем број на мали и средни бизниси ќе ги затворат своите капацитети, а со тоа голем број на граѓани ќе останат без работни места, вели Мисајловски.

“Владата мора да биде заштитник на малите и средните претпријатија од приватниот сектор. Голем број на граѓани опстојуваат од работата на малите и средните претпријатија. Доколку владата не ги стимулира фирмите и воедно младите кои работат тука, тогаш младите мора да ја бараат среќата надвор од државата. Ние не смееме тоа да го дозволиме, мора да овозможиме одлични услови за малите и средните претпријатија и со тоа младите луѓе да останат да работат и да создаваат во Република Македонија”, вели Мисајловски.

Младите во Република Македонија сакаат просперитет, работа и подобар животен стандард. Сето тоа е можно само доколку македонската економија биде стабилна и силна, а со тоа ќе се овозможи невработеноста да падне под 10%. Така младите нема да имаат потреба да ја напуштаат нашата земја, туку да останат и тука да создаваат, заврши Мисајловски.

Треба да знаете
Последни објави