Search

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ се единствени кои градат инфраструктура, затоа се обврзуваме на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и носител на изборната единица 2, Владо Мисајловски денеска беше во посета на Шуто Оризари од каде што истакна дека овие избори граѓаните треба да изберат помеѓу Зоран Заев кој го заборави народот и единствено се грижи за своите бизниси или Христијан Мицкоски  чесен човек кој секогаш ќе биде со народот.

Мисајловски потенцираше дека Шуто Оризари е целосно запоставено од владата на СДСМ и Зоран Заев кои тука ниту ги остварија ветувањата за подобра инфраструктура а ниту за подобар живот на младите кои поради невработеноста се иселуваат среќата да ја бараат надвор но Македонија.

Тој додаде дека таквите времиња завршуваат на 15 јули кога власта ќе ја рпеземе ВМРО-ДПМНЕ како единствена партија која го остварува тоа што ветува и единствена партија која гради инфраструктура.

– Ќе има многу проекти, 1000 километри регионални и локални патишта кои се многу потребни за граѓаните, ќе се намалат трошоците за извршителите, се обврзуваме сите млади квалитетни луѓе ќе го добијат својот правец,  поголеми плати за 25%, поголеми пензии за 20%, а за младите до 29 години ќе има посебно место за вработување во бизнисот да нема давачки за нив, изјави Мисајловски

Мисајловски на крај посочи дека во владата на ВМРО-ДПМНЕ никој нема да биде заборавен, особено социјално загрозените категории на граѓани чии проблеми ќе почнат да се решаваат веднаш после изборите.

Треба да знаете
Последни објави