Search

Мисајловски: Ветуваме нови странски инвестиции и отварање на нови работни места

Интегрален текст од изјава на Владо Мисајловски, потретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на изборна единица 2.

„Денеска имам една убава можност тука да разговарам со граѓаните во општина Гази Баба. Одлични проекти и одлични решенија нуди проектот Обнова за Македонија, затоа е добро да разговараме и да ги понудиме на граѓаните. Имав неколку средби тука со некои дуканџиите, со луѓето што си водат мали бизниси и да ми ги кажат нивните согледувања во овој период, но и што да очекуваат во наредниот период.

Разговаравме за актуелните проблеми, но и она што ние го нудиме, а тоа е подобар живот, подобри кредити  и подобар бизнис план за сите нив. Но се разбира мора на пиедестал да бидат ставени тука повозрасните лица, односно пензионерите. Исто така имав една добра убава средба со повозрасните луѓе кои сакаат само нивните деца да останат тука, сакаат да имаат стабилни пензии, но ние ветуваме дека ќе пораснат во наредниот период преку 20 проценти.

Затоа тие луѓе ни се многу важни, мора да останат на пидесталот и затоа ние насекаде каде што имаме можност ќе ги посетиме. Се разбира со заштитни маски, во ова време на пандемија ќе ги замолиме да излезат да гласаат. Гледам дека они се охрабрени и сакаат да ни дадат поддршка и јас навистина сум им благодарен за тоа. Но, ние мора да направиме многу повеќе, мора да ја обновиме Македонија, да ја обновиме инфраструктурата, уметноста, науката, културата, се разбира да ги обновиме и оние нови работи места кои што ние ги ветуваме, односно Македонија да стане место каде што ќе има под 10 проценти невработеност.

Треба да знаете
Последни објави