Search

„Мирор“: Бред и Џенифер се во врска, одамна не биле толку среќни

Холивудскaта златна двојка Бред Пит (56) и Џенифер Анистон (50) повторно се во врска, пренесува „Мирор“. Нивните најблиски пријатели изјавиле за медиумите дека поранешните сопружници се обидуваат да ја обноват старата врска. Тие велат дека двојката била најмалку пет пати на состанок пред да се сретнат на црвениот килим и да предизвикаат експлозија коментари. Тие дури заедно ги поминале божикните празници во вилата на Џенифер.

„Мислам дека никогаш не престана да го сака, иако ѝ го скрши срцето кога замина со Анџелина Џоли. Ѝ требаше долго, но таа му прости за сè. Тоа е главниот чекор ако сакате да продолжите понатаму “, рекла пријателка на актерката.

Ниту пријателите на Бред не се воздржувале да зборуваат на таа тема.

„Зборува само за Џенифер. Тие ја обновија својата романса и јас одамна не сум ги видел толку среќни“, изјавил колега на Бред чиј идентитет странските медиуми не сакале да го откријат.

Треба да знаете
Последни објави