Search

„Мирор“: Анџелина Џоли повредена и бесна поради романсата на Бред Пит и Џенифер Анистон

Овој период пред 15 години, Анџелина Џоли и Бред Пит беа заедно во хотел во Палм Спрингс, а во Лос Анџелес Џенифер Анистон поднесуваше барање за развод, пишува британски „Мирор“.

Гласините за жешка романса меѓу главните протагонисти на  „Г-дин и г-ѓа Смит“ со месеци кружеа во јавноста. И покрај негирањата од двете ѕвезди на блокбастерот, петгодишниот брак на Бред и Џенифер заврши.

Но, доколку премотаме напред во денешно време, 2020 година, ќе ги видиме Бред (56) и Џенифер (51) како повторно се дружат и заедно им се радуваат на добиените оскари, и згора на тоа, извори кои тврдат дека двајцата планираат тајна свадба на плажа во Мексико.

„Па што прави Анџелина (44) во врска со ова?“ пишува весникот.

Кога на почетокот од оваа година таблоидите почнаа да шпекулираат за повторно обединување меѓу нејзиниот поранешен и Џенифер, мајката на шест деца беше прилично изненадена и збунета.

„На Анџелина не ѝ е гајле за наводната врска на Џен и Бред … таа знае дека се пријатели и тоа не ѝ смета“, изјави извор близок на холивудската актерка за „Холивуд Лајф“. „Таа продолжува понатаму. Нема да дозволи ова да ја извади од колосек,“ тврдеа извори блиски до Џоли.

Меѓутоа, ситуацијата во последно време нагло се промени, особено откако Бред се нашали за пропаднатиот брак на една цереминија на доделување филмски награди, а на церемонијата беше и насмеаната Џенифер.

Анџелина Џоли сега веќе е бесна поради гласините за обновена романса а уште повеќе и за наводна тајна венчавка.

„Таа приватно побара на Џен да ѝ забрани да ги гледа децата“, изјави инсајдер за австралиското списание Woman’s Day, тврдејќи дека таа поднела барање за единствено старателство.

„Ова е огромен шок за сите. Бред штотуку почна да се чувствува дека неговиот живот се враќа на вистинскиот пат по три години пекол. Тој се надева дека разводот ќе биде финализиран до мај.“

Се чини дека Бред повторно се поврза со Џенифер на забавата што таа ја приреди по повод нејзиниот 50-ти роденден а набргу потоа и на божикната забава  во нејзината куќа во Лос Анџелес. Ова беа први директен контакти по неговата разделба со Анџелина (2016 година).

„Мислам дека Џенифер никогаш не престана да го сака, иако ѝ го скрши срцето и ја остави заради Анџелина. Ѝ требаше многу време за да му прости, а простувањето е голем чекор за да се продолжи понатаму,“ британскиот весник цитра извор близок до Анистон.

Таблоидите коментираат дека Бред никогаш не бил посреќен.

 

Треба да знаете
Последни објави