Search

Мировни преговори меѓу Ерменија и Азербејџан во Женева

Министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан денеска пристигнаа во Женева на разговори за решавање на конфликтот во Нагорно Карабах, каде стотици луѓе се убиени во судирите кои траат повеќе од еден месец.

Министрите треба да се сретнат со претставници на Франција, Русија и САД, копретседавачот со групата од Минск на ОБСЕ задолжена за решавање на конфликтот што ескалираше во последните неколку дена, изјавија дипломати во швајцарскиот главен град.

Најтешките борби во повеќе од 25 години во Нагорно Карабах, област на Азербејџан со мнозинство ерменско население, предизвика страв од поширока војна во која би можеле да учествуваат Русија и Турција, сојузник на Азербејџан.

Исто така претставува закана за цевководи што превезуваат нафта и гас од Азербејџан до светските пазари.

Треба да знаете
Последни објави