Search

Минск ја осуди резолуцијата на ЕП како пример за политичка ароганција

Резолуцијата на Европскиот парламент за Белорусија покажува системска криза на европските институции и стана пример за политичка ароганција, рече Андреј Савиних, претседател на белоруската Парламентарна комисија за надворешни работи, пренесува ТАСС.

„Резолуцијата на Европскиот парламент е одличен пример за осудувачки и пристрасен пристап и за политичка ароганција“, рече тој.

Според Савиних, Белорусија со жалење забележува дека практиката на одмерени и внимателни активности насочени кон зајакнување на довербата и меѓусебното разбирање во Европа, му прави место на банално политиканство.

„Ние го сметаме овој тренд за очигледна манифестација на системската криза што ги опфаќа сите европски институции“, рече тој.

На 17 септември Европскиот парламент усвои резолуција со која одби да го признае Александар Лукашенко за претседател на Белорусија и побара остри санкции – вклучително и финансиски – против официјален Минск како и против луѓето наводно вмешани во местење на претседателските избори, насилството и репресиите.

Покрај тоа, Европскиот парламент препорача да се размисли за воведување санкции за руските граѓани вклучени во поддршката на Лукашенко.

Треба да знаете
Последни објави