Search

Мини шенген ќе ги унапреди економските односи во регионот

Бизнисмените од БиХ се надеваат дека владата ќе одлучи да биде дел од иницијативата „мини – Шенген” и дека на тој начин компаниите од Босна и Херцеговина ќе имаат отворен пристап до новиот заеднички пазар од околу 18 милиони жители, пишува босански „Дневни Аваз”.

Дека оваа иницијатива ќе ги подобри економските односи во регионот, се согласува и претседателот на Комората за надворешна трговија (ФТЦ) на БиХ, Вјекослав Вуковиќ, кој коментирајќи го договорот меѓу белград и Приштина, рече дека стопанствениците во БиХ ќе следат како ќе реагира Претседателството.

– Се надеваме дека одлуките што ќе бидат донесени ќе бидат од корист за економијата, која не е во одлична ситуација. Потпишувањето на договорот е можеби првата позитивна вест што може да влијае на економијата во поширокиот контекст на регионот. економијата е нешто што ќе не поврзе, потенцира Вуковиќ.

Тој, исто така, рече дека Комората претходно предупредила дека проблемот меѓу БиХ и Косово е првенствено политички, а не економски. – Пред сè, мислам на времето кога ни беа воведени даноци заедно со Србија. Тогаш изгубивме пазар од 160 милиони КМ, објасни тој. – На почетокот на оваа година, започнавме да се враќаме на тој пазар, но нашите позиции ги пополни некој друг. Сè уште постои можност што треба да ја искористиме, истакна Вуковиќ.

Аваз, исто така, потсетува дека до април годинава беа во сила 100 отсто царински давачки за увоз на какви било производи на територијата на Косово и за БиХ и за Република Србија.

Инаку, пишува Аваз, „мини Шенген” треба да ги обедини пазарите на Србија, Албанија, Северна Македонија, Косово, Црна Гора и БиХ.

Иницијативата предвидува издавање на заеднички работни дозволи, признавање квалификации и дипломи без дополнителни процедури, размена на студенти, заеднички проекти за истражување и развој, воведување на 24-часовно работно време на сите служби за гранична инспекција, единствен пакет документација потребна за транзит на стоки

Конечниот став за ова прашање треба да го донесе Претседателството на БиХ на седницата што треба да се одржи следната недела, јави „Дневни Аваз”.

Треба да знаете
Последни објави