Search

Министрите од ЕУ на состанок за методологијата за проширување

Советот на министри за општи и европски работи на ЕУ на денешната средба ќе разговара за новата методологија на процесот на проширување.

Методологијата на министрите во Брисел ќе им ја претстави комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Советот на ЕУ најави дека станува збор за презентација на предлогот на Европската комисија за продолжување на пристапниот процес и дека не се очекува поширока дебата или усвојување на одредени заклучоци, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Советот на министи на ЕУ ќе се наврати на политиката за проширување во март за да се усвојат заклучоци и да се подготви мартовскиот самит на лидерите на ЕУ, на кој се очекува повторен обид за консензус меѓу земјите-членки за давање „зелено светло“ за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

Треба да знаете
Последни објави