Search

Министрите Елвин Хасан и Едмонд Адеми во работна посета на компанијата Мактоис

Министерот задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан и министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми денеска беа во работна посета на компанијата Мактоис во Теарце, Тетово.

Како што соопштија од кабинетот на министерот за странски инвестиции, компанијата ги произведува играчките што се наоѓаат во киндер-јајцата. Идејата за овој вид инвестиција датира од 2006 година кога денешниот управител Русе Иљоски бил на привремена работа во Италија.

На средбата со министрите биле споделени почетоците на компанијата, историјата, како се дошло до идејата и како се одвива секојдневната работа во компанијата. Стекнувајќи се со нови искуства и работни вештини во Италија, Иљоски дошол до идеја да создаде свој бизнис кој ќе се однесува на производство на деловите од познатите киндер-јајца. Својата бизнис идеја ја понудил на компанијата „Фереро” – производител на Киндер-јајцата. Оттогаш играчките кои се омилени на децата низ светот почнале да се произведуваат токму во Северна Македонија.

– Компанијата е една од новите договори потпишани за добивање на Закон за Финансиска поддршка, меѓутоа оваа компанија покрај можноста да се стекне со финансиска поддршка по две мерки од Законот, има можност да добие дополнителна финансиска поддршка поради тоа што е повратник од странство и своето знаење, искуство, вештини и капитал ги вложил во Северна Македонија, Законот определува можност за добивање на дополнителни 10 посто финансиска поддршка и тоа е уредено во членот 33 од Законот за Финансиска поддршка. Во кабинетот на министерот Хасан овој е прв предмет од ваков вид, , се наведува во соопштението.

На средбата било изразено задоволство од соработката како и од одлуката на Иљоски својата инвестиција да ја реализира во Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави