Search

Министер во БиХ почина од коронавирус

Федералниот министер за прашања на борците, Салко Букваревиќ, почина утрово на Клиниката за белодробни заболувања во Сараево, пренесува Klix.ba.

Пред околу десетина дена тој бил хоспитализиран поради влошување на здравјето, откако бил тестиран за коронавирус, а резултатот бил позитивен. Неговата здравствена состојба се влошила во понеделникот.

„Тој бил приклучен на апарат за кислород во претходните денови, но тоа не било доволно поради воспалението на белите дробови. Затоа вчера утрото бил приклучен на респиратор. На 22 јули, Букваревиќ бил тестиран за коронавирус, а резултатот бил позитивен“, објави Klix.ba.

Треба да знаете
Последни објави