Search

Министерот Чулев во посета на полициските службеници во Куманово

 

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вечерва оствари работна посета со полициските службеници кои во рамки на Секторот за внатрешни работи Куманово преземаат активности за контрола на спроведување на мерките и одлуките на Владата кои се однесуваат на ограничување на движењето на граѓаните. Од почетокот на спроведување на мерката за ограничување на движењето на територијата на СВР Куманово констатирани се 12 (дванаесет) непочитувања на истата и тоа 10 (десет) на подрачјето на ПС од ОН Куманово и 2 (две) на подрачјето на ПС од ОН Кратово. На подрачје на СВР Куманово се регистрирани 83 (осумдесет и три) лица кои се во изолација со Решение од ДСЗИ и сите се на подрачје на ПС од ОН Куманово, а 567 (петсотини шеесет и седум) лица пополниле изјава дека ќе ги почитуваат препораките за самоизолација од 14 дена. Од нив 450 (четиристотини и педесет) лица се на подрачје на ПС од ОН Куманово, 41 (четириесет и едно) лице се на подрачје на ПО Матејче, 35 (триесет и пет) лица се на подрачје на ПС од ОН Крива Паланка, 27 (дваесет и седум) лица на подрачје на ПС од ОН Кратово и 14 (четиринаесет) лица на подрачје на ПО Ранковце. Од страна на СВР Куманово поднесени се 7 (седум) Кривични пријави против 7 (седум) сторители за КД по чл.206 од КЗ и тоа 6 (шест) пријави против 6 (шест) лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација и 1 (една) пријава против 1 (едно) лице кое не ја почитувало мерката како сопственик на угостителски објект кој работел спротивно на издадената мерка од страна на Владата. Имајќи ги предвид статистичките податоци на Секторот за внатршни работи, Чулев констатираше дека на територијата на СВР Куманово генерално се почитува мерката за ограничување на движењето на граѓаните Мерките и одлуките кои ги донесе Владата, а кои се однесуваат на ограничување на движењето на граѓаните, но и последните дополнителни мерки кои се однесуваат за жителите на Куманово се насочени кон спречување на понатамошно ширење на пандемијата на корона вирусот и во таа насока апелирам до граѓаните на Куманово и до сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките и да останат дома, нагласи Чулев. Тој воедно ги потсети граѓаните дека согласно последната одлука на Владата, за време на викендите ограничувањето на движењето започнува од 16 часот, а завршува во 05 часот.

Треба да знаете
Последни објави