Search

Министерот Хасан телефонски разговараше со министерката за трговија на Турција Пекџан

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан во насока на задржување на комуникацијата со Република Турција во новонастанатата ситуација со коронавирусот оствари телефонски разговор со министерката за трговија на Република Турција, Рухсар Пекџан со цел негување на традиционално добрите односи помеѓу двете земји.

При разговорот беше констатирано дека пандемијата довела до промени во функционирањето на системот, но соработката помеѓу двете земји треба да остане врвна како и до сега. Беше заклучено дека заеднички ќе се работи на решавањето на тековните проблеми и се разговараше  за потребата од медицинска опрема, маски, ракавици, респиратори и за нивното снабдување. Беше искажана взаемна поддршка и солидарност од двете страни и волја за продолжување на соработката.

Традиционално добрите пријателски односи помеѓу Република Турција и Република Северна Македонија продолжуваат и за време на глобалната криза. Република Турција останува силен сојузник и поддршка на нашата земја.

Треба да знаете
Последни објави