Search

Министерот Филипче наместо за здравјето и животите на граѓаните се грижи за градежниот бизнис

Неколку дена по ред стапката на заразени во однос на бројот на тестирани е над 10%. Состојбата станува алармантно, а од министерот Венко Филипче нема ни трага ни глас.

Додека министерот Филипче се занимава со градежен бизнис, здравството во Македонија колабира. Бројот на вкупно заболени од корона вирус надмина 17.600 заболени лица и достигна до речиси 730 починати, што е далеку повеќе од прогнозите на министерот. Македонија во пресрет на вториот бран  од епидемијата има рекордни бројки на заболени и починати.

Дополнително главниот Ковид центар во државата, болницата 8-ми септември е пред финансиски колапс и нема доволно средства за набавка на материјали и нормално работење, а останатите  болници секој ден се полнат со се повеќе заболени. Во болницата Козле бележат зголемен број на заболени деца и мајки од вирусот, а исто така се бележат секој ден нови бројки на заразени деца во градинките во Скопје и Македонија.  Епидемијата се шири без контрола. На целата ваква состојба од министерството одговараат со мал број на тестови кои и покрај бројот покажуваат дека огромен број од тестираните се заразени од вирусот.

Тоа значи дека министерот за здравство станува се повеќе министер за ширење на зарази и епидемии, кој без јасен план и мерки не воведува во нов ризичен период.

Мафијата на власт се грижи за своето богатење, а не и за здравјето и животот на граѓаните

Треба да знаете
Последни објави