Search

Министерот Спасовски на Министерски форум ЕУ-Западен Балкан во во Брдо кај Крањ

Министерот Спасовски денеска е во официјaлна посета на Република Словенија каде што ќе учествуава на Министерски форум ЕУ-Западен Балканшто во организација на словенечкото Претседателство со ЕУ се одржува во Брдо кај Крањво Република Словенија.

Министерот Спасовски утрово имаше билатералба средба со Координаторот на ЕУ за борба против тероризмот Илка Салми, на која меѓу другото ги претстави постигнувањата на земјата во однос на исполнување на препораките од заедничкиот Акционен план за борба против тероризмот.

Во текот на денот тој ќе учествува на Министерскиот форум и ќе има обраќања на трите работни сесии посветени на миграцијата, борбата против тероризмот и справувањето со организираниот криминал, на кои ќе ги презентира стратешките цели и активности на нашата земја, согласно утврдените теми на форумот кои се важни сегменти од сферата на безбедноста и спроведувањето на законите.

На маргините на Форумот, министерот за внатрешни работи Спасовски ќе оствари билатерални средби и со Еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон и директорката на Европската Канцеларија за поддршка во областа на азилот (ЕАСО) Нина Грегори.

Треба да знаете
Последни објави