Search

Министерот Спасовски во посета на Полицискиот Центар ,, Ѓорче Петров,,.

Министерот Спасовски и дел од  раководството на МВР денеска го посетија  Полицискиот Центар во  касарната „Ѓорче Петров“  каде што полициските службеници  што беа селектирани и во моментов ја реализираат селективната обука за прием во  Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка ги презентираа стекнатите професионални знаења.

-Јас и моите соработници, свесни за важноста и императивите за динамично реформирање на полицијата и нејзина трансформација во вистински сервис на граѓаните, во современа  исклучиво професионална институција согласно сите модерни и во светот признати стандарди на полициското работење, ќе сториме се во рамки на законските и финансиски можности да ви овозможиме што е можно поквалитетни предуслови за работа, рече министерот Спасовски пред полициските службеници. 

Министерот Спасовски информираше дека во тек е набавка на комплет униформа за припадниците на овие две единици, спортска униформа за трите единици во Одделот  и десет специјални возила
за воспоставување на Јавен ред и мир за ЕБР И ПЕП .

,,На вас, останува – своето знаење, вештини, професионална етичност и интегритет да ги вложите во името на сопствените амбиции но  и во името на законите – со цел заедно да изградиме полиција со којашто ќе се гордеат граѓаните, вели Спасоски .

 

Треба да знаете
Последни објави