Search

Министерот Османи ќе се сретне со специјалниот претставник за Бугарија Бучковски

 Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има средба со новиот специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија, Владо Бучковски.

По заедничката средба, Османи и специјалниот претставник Бучковски во 14:00 часот ќе дадат изјави за медиумите.

Владата на вчерашната седница го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија. Бучковски е универзитетски професор и поранешен премиер и министер за одбрана.

Треба да знаете
Последни објави