Search

Министерот Нухиу го потпиша актот за двојни натписи на полициските униформи

Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите со кои, полициските униформи ќе добијат двојни натписи, на македонски и албански јазик. Потпишувањето на овие акти доаѓа две недели откако Нухиу ја презема функцијата минитер од неговиот претходник, Наќе Чулев.

„ Ги потпишавме нормативните акти за амблемите на полициските униформи да бидат и на албански јазик. На сообраќајната полиција, граничната полиција, хелихоптерската единица за полициски должности, специјална работна сила“, пишува Нухиу на социјалните мрежи.

Двојазичните униформи на полицијата, пожарникарството и здравството во Скопје и општините каде живеат 20 отсто од Албанците е предвидено со Законот за јазиците кој пред две години беше изгласан во Собранието со 69 гласови „за“.

Треба да знаете
Последни објави