Search

Министерот Исмаили со поддршка на детскиот фестивал „Литера“

Министерот Хусни Исмаили денеска се сретна со претставници на Меѓународниот фестивал за детска литература и илустрација, „Литера“, од Центарот за визуелна комуникација и графички услуги, „Ефектива“. Фестивалот кој ги негува општетсвените вредности и со својот концепт ја става Северна Македонија на мапата на фестивали од ваков тип во светот е поддржан во Годишната програма на Министерството за култура како еден од проектите кои се од национален интерес.

На средбата стана збор за активностите кои се во тек за претстојниот фестивал, а кои се во насока на промоција и афирмација на детската литература и илустрација, развој на на здраво општество и емоционална интелигенција кај децата уште од најрана возраст.

 

Треба да знаете
Последни објави