Search

Министерот Исмаили присуствуваше и на отворањето на 14. „Рома Труба Фест“

Министерот за култура Хусни Исмаили присуствуваше и на отворањето на 14. „Рома Труба Фест“ на градскиот плоштад во Куманово, истакнувајќи дека Министерството за култура го поддржа и овој фестивал, а за наредната јубилејна година најави поголема поддршка.

„Чест ми е што вечерва сум овде на овој прекрасен дводневен фестивал во кој земаат учество големи домашни и странски имиња. Министерството за култура поддржува многу фестивали и културни настани во државата и го поддржа и овој фестивал но бидејќи наредната година ви е јубилеј ќе се потрудиме нашата поддршка да биде поголема. На сите учесници на фестивалот им посакувам успешен настап а за Кумановчани се знае дека се добри домаќини и гледајќи ја и енергијата на градоначалникот не се сомневам дека ќе се погрижат гостите да се чувствуваат како дома“, истакна во своето обраќање пред присутните гости, министерот за култура, Исмаили.

 

Треба да знаете
Последни објави