Search

Министерот Исмаили го посети Музејот на Северна Македонија

Министерот за култура Хусни Исмаили денеска го посети Музејот на Северна Македонија и се сретна со директорот на оваа установа Гордан Николов.

Како што соопшти Министерството за култура, министерот Исмаили беше запознаен со актуелните активности на оваа национална установа, со проектите на кои се работи и кои ќе следат во иднина.

Министерот Исмаили, како што се наведува, се запозна и со останатите конзерваторски и научно-истражувачки активности кои се однесуваат на заштитата на културното наследство во етнологијата и во историјата на Република Северна Македонија на кои експертите од Музејот работат долгорочно и во повеќе фази.

Директорот Николов го информирал министерот за состојбата на објектот на Музејот, како и за одвивањето на поголемите настани што претстојат: Европските денови на културното наследство, изложбата за 75 години АСНОМ, изложбата „Африка во Македонија”.

Треба да знаете
Последни објави