Search

Министерот Исмаили ги посети МНТ, Театарот „Комедија” и Турскиот театар

 – Министерот за култура Хусни Исмаили во рамки на своите редовни активности за посета на националните установи од областа на културата, денеска ги посети Македонскиот народен театар, Театарот „Комедија” и Турскиот театар.

Исмаили, како што соопшти Министерството за култура, во рамки на посетата на овие установи се информираше за сите проекти што се реализираа во измината година и за активностите кои ќе се одвиваат во 2020 година. Исмаили се  информираше за успешното учество на фестивал во Пекинг, Народна Република Кина, каде актерите се претставија со претставата „Галеб” од Чехов, а во режија на Нина Николиќ. Се дискутирало и за успешната сезона на МНТ, каде лани биле изведени повеќе од 240 претстави и настани,  посетени од  над 84.500 гледачи. МНТ, како што се наведува, реализираше поголем број гостувања во светот, меѓу кои во Непал, Бугарија, Црна Гора, Србија.

Театарот „Комедија” во 2019 година на својата сцена има реализирано пет премиери, од кои четири на големата сцена, а една на мала сцена. Биле одиграни вкупно 179 претстави кои ги виделе 46.609 посетители.

– Она што од оваа театарска куќа го истакнаа е дека бројот на изведби бележи пораст од 62,7 отсто, а посетеноста 60 отсто. На средбата покрај овој огромен раст во работата на институцијата, се говореше за програмските активности на Комедија за оваа година и беа детектирани техничките проблеми кои се јавуваат со дотраеноста на објектот, а кои ќе треба да се надминат за успешно работење и оваа година, се вели во соопштението. 

На средбата во Турскиот театар, кој ја дели сцената со Театарот „Комедија”, беше нагласено дека минатата година имало 4.854 посетители. Претставата „Бог на масакрот” имала 1.150 посетители, а детската претстава „Јунаци од бајките” имала 747 посетители… На средбата, како што се наведува, стана збор и за активностите со кои годинава ќе биде одбележан јубилејот 70-години од формирањето на Турскиот театар, но и за можностите за поефикасно финансирање  на новата зграда која ќе биде наменета за овој Ансамбл, а која е завршена до фазата карабина.

Министерот за култура на средбите истакна дека е отворен за сите иницијативи на националните установи,  како и за соработка преку која заеднички во рамки на законските и буџетските можности да се бараат решенија за надминување на сите предизвици. 

Треба да знаете
Последни објави