Search

Министерот за надворешни работи на Холандија во посета на земјава

Денеска, во официјална посета на Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Стеф Блок, во чии рамки ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

МНР потсети дека ова е четврта билатерална средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Холандија за период од 15 месеци, па оттука Министерството оценува дека е зголемен интензитет на политичкиот дијалог меѓу двете земји.

Од МНР додаваат дека на средбата ќе стане збор за најновиот развој на внатрешнополитичките состојби во Република Македонија, реформската ЕУ и НАТО-агенда, регионалната соработка, како и за подготвителните активности поврзани, како што велат, со успешна реализација на референдумот на 30 септември.

Треба да знаете
Последни објави