Search

Министерот за надворешни работи на Луксембург во посета на Македонија

Во официјална посета на Македонија денеска ќе престојува министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство на Луксембург, Жан Аселборн, информираат од МНР.

За време на средбата на Аселборн со Димитров, како и на пленарните разговори меѓу делегациите на двете земји, се очекува да се разговара за натамошниот развој на севкупната билатерална соработка меѓу двете земји, за надворешно-политичките приоритети на Македонија, како и за актуелните внатрешни состојби со акцент на подготвителните активности за референдумот, велат од Министерството за надворешни работи, и додаваат дека меѓудругото предвидено е и двајцата министери да ја потпишат Спогодбата меѓу Владата на Македонија и Владата на Големото Војводство на Луксембург за размена и заемна заштита на класифицирани информации.

Во рамките на посетата, соопштуваат од МНР, министерот Аселборн ќе оствари средби и со заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, а ќе биде примен и од претседателот на Владата, Зоран Заев.

Треба да знаете
Последни објави