Search

Министерот за надворешни работи на Кипар во самоизолација

Шефот на кипарската дипломатија Никос Христодулидис, од вчера попладне се наоѓа во самоизолација откако бил откриен случај на Ковид-19 во неговото блиско професионално опкружување. Информацијата ја соопшти Министерството за надворешни работи на Кипар на официјалниот „Твитер” профил.

Христодулидис во вторникот учествуваше на трилатералната средба во Атина на шефовите на дипломатиите на Грција, Израел и Кипар.

Треба да знаете
Последни објави