Search

Министерот за култура присуствуваше на свеченото затворање на Фестивалот „Гола месечина“

Министерот за култура Хусни Исмаили синоќа во спортскиот центар „Ново Лисиче“ присуствуваше на свеченото затворање на шестото издание на Фестивалот „Гола месечина“, кој започна на 2 септември. Министерот за култура Исмаили, во рамките на фестивалското доделување на наградите, ја додели наградата за најдобра претстава и најдобра режија на претставата „39 скалила“ на Загрепскиот театар на комедијата.

На последната фестивалска вечер беше изведена стендап-комедијата од Никола Тодоровски, а премиерно беше прикажан и документарен филм за доајенот на македонската култура, големата актерка Анче Џамбазова, кој го сними НУ Театар „Комедија“. Филмот, во кој се прикажани разни аспекти од животот и кариерата на Џамбазова, е во режија на Миле Гроздановски, а по сценарио на Гоце Трајковски.

На Фестивалот, меѓу другото, со награда се закити и актерот од Народниот театар од Охрид, Стрезо Стаматовски, кој ја доби наградата за најдобра епизодна улога.

Треба да знаете
Последни објави