Search

Министерот за земјоделство Хоџа учествуваше на „Фестивалот на грозјето”

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на манифестацијата „Фестивал на грозјето” во Сарај истакна дека оваа година беше тешка за сите и оти кризата предизвикана од светската пандемија со Ковид – 19 предизвика нарушување на пазарите на грозје во нашата земја и на светските пазари.

-Сите ние се соочивме со голем предизвик како да го заштитиме домашното производство и да ги ублажиме последиците од кризата. Задоволен сум што ние како Влада реагиравме веднаш, воведовме интервентни мерки со кои овозможивме откупот на грозје да тече непречено, цената да биде во интерес на лозаропроизводителите. Со тоа помогнавме целокупното производство на грозје од овогодинешната реколта да биде откупено, рече Хоџа.

Како што најави, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во следниот период ќе продолжи силно да ги подржува лозаропроизводителите и да се грижи за севкупното земјоделско производство.

Грозјето е една од нашите земјоделски култури кои на овие простори имаат долга традиција на одгледување.

Треба да знаете
Последни објави