Search

Министерот за здравство на Нов Зеланд деградиран бидејќи го прекршил карантинот

Министерот за здравство Дејвид Кларк се нарече себеси „идиот“ и си даде оставка откако ги прекрши строгите ограничувања на движењето воведени поради ширењето на коронавирусот, но засега останува на функцијата.

Kларк рече дека на премиерката Џакинда Ардерн и ја понудил својата оставка, признавајќи дека со семејството отишол со автомобил на плажа оддалечена 20 километри.

Кларк призна дека со излетот ги прекршил мерките на ограничување според кои семејствата мора да останат дома, иако треба да биде пример со своето однесување.

„Јас бев идиот и разбирам зошто луѓето ми се лутат“, рече министерот во изјавата.

Премиерката Џакинда Ардерн изјави дека во нормални околности би го отпуштила Кларк, но сега го остава на функцијата поради кризата. Наместо тоа, таа го деградира на најниската хиерархиска позиција во владата.

„Она што го стори е погрешно и нема оправдување за тоа“, рече Ардерн.

Треба да знаете
Последни објави