Search

Министерот за здравство на Израел заразен со коронавирусот

Многу израелски  официјални лица се во самоизолација откако беше потврдено дека министерот за здравство Jaков Лицман, кој исто така бил во чест контакт со претседателот Бенјамин Нетанјаху, е позитивен на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство на Израел.

Речиси 7.000 лица во таа држава се позитивни на Ковид-19, додека броот на починати од тој вирус е 34.

Големата ултра-ортодоксна заедница, во која Лицман исто така е член, е најпогодена од епидемијата на коронавирусот. Многумина од нив првично ја прекршуваа забраната за движење, но се чини дека, откако се зголеми бројот на пациенти, тие ги прифатија препораките на владата, јавија американски медиуми.

Треба да знаете
Последни објави