Search

Министерот Димковски во посета на Росоман каде непречено се одвива откупот на праски

Денеска, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство  Зоран Шапуриќ и градоначалникот на општина Росоман, Бранко Јанев беа во посета на откупните пунктови на праски во Росоман.

Овој регион важи за најголем производител на праски  во нашата држава. Во моментов во тек е откупот на росоманските праски кои оваа година, благодарение на поволните климатски услови, постигнаа висок квалитет. Тоа придонесе росоманските праски оваа година да достигнат повисока откупна цена и се откупуваат за 28-30 денари по килограм. Најголем дел од праските се извезуваат на европските пазари, дел оди  во поранешните југословенски републики и дел останува за домашниот пазар. Сите откупни центри се отворени, полни со росоманска праска и откупот тече непречено.

Сите учесници во процесот на откупување на праски, максимално ги почитуваат препораките на Владата, а доказ за тоа е посебната организација на работниот простор во откупните магацини, каде сите вработени се на соодветно растојание и целокупниот процес е приспособен на новите услови предизвикани од Ковид – 19.

И покрај глобалната криза, праските постигнаа висока откупна цена, земјоделците се задоволни и откупот на сите пунктови се одвива со добра динамика и без никакви проблеми.

Министерот Димковски им порача на откупувачите и производителите на праски, дека треба постојано да бидат во добра комуникација, да нема манипулации со откупната цена и дека само така ќе остварат добри партнерски односи кои носат успех и резултати за сите учесници во процесот на производство и откуп.

Исто така, во текот на денешниот ден, министерот Димковски го посети и Трстеник. Овој регион, неодамна беше погоден од временска непогода-град и беше нанесена штета на овошните и лозови насади.

И покрај тоа што штетите се на мали површини, оваа Влада преку локалната самоуправа формираше комисии кои се веќе на терен и ги лоцираат и утврдуваат истите и врз основа на тоа ќе бидат исплатени штетите на индивидуалните сопственици, од страна на владината комисија за штети.

Оваа Влада и МЗШВ како ресорно министерство, се во постојана комуникација со земјоделците и секогаш будно се следи состојбата на терен, се со цел заеднички да се надминат сите проблеми, особено во целиов изминат период кој го обележа корона кризата која предизвика нарушување на пазарот на земјоделски производи и кој заеднички успеавме успешно да го менаџираме.

Треба да знаете
Последни објави