Search

Министерот Димитров во официјална посета на Бугарија

Министерот за надворешени работи, Никола Димитров, на покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, во понеделник ќе престојува во официјална посета на Република Бугарија.

На средбата со  Захариева, како што соопшти МНР, ќе бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји и за можностите за зајакнување и унапредување на идната соработка во повеќе области од заемен интерес.

Во рамки на посетата, предвидено е Димитров да биде примен од претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Посетата се реализира само неколку дена по ратификацијата на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. 

Треба да знаете
Последни објави