Search

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан беше во посета на компанијата САРА-КОЛАНТ

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан беше во посета на компанијата САРА-КОЛАНТ во Скопје, компанија од  текстилната индустрија која има специјализирани продавници во Скопје и е корисник на поволностите кои ги нуди новиот Закон за Финансиска поддршка на инвестициите.

Министерот Хасан при посетата  беше запознаен со работата на компанијата и со современите технологии и процеси кои се користат во процесот на работење, како и идните економски потфати што ќе ги превземе компанијата.

Сопственикот на компанијата, г-дин Вили Филиповски го изрази своето задоволство од досегашната соработка со Владата, при што министерот им ги презентираше новите измени на Законот и им ја изрази својата поддршка во процесот на остварување на целите на инвестицијата.

Треба да знаете
Последни објави