Search

Министерот без ресор Елвин Хасан денес е во работна посета на Тетово

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан денес е во работна посета на Тетово каде што посети две компании, компанијата за производство на врати и прозорци Солид – Пласт и Фриготехника, компанија за изработка на опрема од нерѓосувачки материјал наменета за професионални кујни, пекари, слаткари и слично, која се наоѓа во Боговиње, Тетово.  Двете компании имаат добиено финансиски средства согласно владината мерка од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, која нуди поддршка за пораст на капитални инвестиции и приходи.

Министерот Хасан ги разгледа производните погони на компаниите и се запозна со секојдневното работење, како и со идните планови за развој кои беа споделени со министерот од страна на  менаџментот на компаниите. Покрај тоа, го запознаа со нивните почетоци и досегашното напреднување, потешкотиите со кои се соочуваат и идејите и визиите кои ги имаат за понатака.

Од страна на двете компании беше изразено задоволство од соработката која ја имаат со владата, министерот исто така го изрази своето задоволство од  успешното работење на компаниите и ги увери дека владата активно и постојано работи на нови мерки со цел да им се излезе во пресрет на компаниите и да се подобри бизнис и инвестициската клима, на што додаде дека ваквите посети се клучни за осознавањето на потребите на компаниите и добивањето на позитивни резултати во иднина.

Во склоп на својата посета на Тетово, министерот оствари средба и со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. На средбата се дискутираше на теми од повеќе области, а најмногу внимание се обрна на потенцијалите на градот кои ги има во поглед на инвестирање.

Треба да знаете
Последни објави