Search

Министерот Адеми се сретна со студенти од Интернационалниот Балкански универзитет

Министерот за култура Асаф Адеми вчера во просториите на Министерството за култура оствари средба со професорот Бејтула Демири од Интернационалниот Балкански универзитет.

Како што соопшти Министерството за култура, на средбата на која биле присутни и студенти од овој Универзитет, министерот Адеми ја претставил работата и активностите на Министерството.

Оваа средба на студентите од Одделот по политички науки на овој Универзитет е дел од нивната практична работа за запознавање на функционирањето на институциите во Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави