Search

Министерот Адеми на работилница за проблемот со аерозагадувањето

Министерот за образование и наука Арбер Адеми присустуваше  на работилница за проблемот со аерозагадувањето, органзирана од УНИЦЕФ и Фондот за иновации и технолошки развој. Тој очекува дека иновативите решенија кои тие ги претставуваат за намалување на загадениот воздух во училиштата, ќе  најдат примена и во градинките и во другите образовни или институции од други сфери.

-Вашата посветеност за решавање на овој не само локален, туку и светски проблем, само ја покажува грижата која ја нудите за општеството, за вашата иднина и иднината на следните генерации. Вие сте тие кои треба да ни покажат и докажат дека секој проблем е решлив, дека за секое зошто има и затоа, им порача Адеми на учесниците на работилницата, сметајќи дека  нивниот придонес во решавањето на овој проблем ќе ги натера сите чинители на власта да преземат уште поконкретни, поиновативни и поефективни мерки за намалувањето на аерозагадувањето.

Работилницата беше организирана во рамки на UPSHIFT програмата. Присутните ученици и наставници имаа можност да стекнат дополнителни знаења во областа на аерозагадувањето, а тоа, како што наведува МОН, ќе помогне во  имплементација на проектите и идеите што  ги имаат.

-Министерот Адеми вети дека МОН и Вадата им стојат на располагање на сите кои имаат иноивативни идеи за да им помагат и насочат кон креативното размислување за решавање опшествени проблеми, соопшти МОН.

Треба да знаете
Последни објави