Search

Министерката Царовска ќе ја пречека Тамара на Скопскиот аеродром

Министерката Царовска ќе ја пречека Тамара на Скопскиот аеродром

Министерката за Труд и социјала Мила Царовска, Заменик министерот за Култура Владимир Лазовски, сопругот на Тамара Тодевска заедно со нивната ќерка Хана веќе пристигнаа на скопскиот аеродром, кадешто во секој момент се очекува да пристигне нашата пејачка.

Таму се и нејзините обожаватели, но и пријатели и роднини, а на аеродромот е поставена и бина на која Тодевска ќе се обрати и ќе ја отпее песната со која на нашата земја ѝ донесе историски пласман на „Евросонг“.

Треба да знаете
Последни објави