Search

Министерката му одговори на премиерот: Ја сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија

Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија. Вака техничката министерка го заврши своето излагање во врска со предлогот од техничкиот премиер, Оливер Спасовски за нејзино разрешување.

Мизрахи, нагласи дека наместо да ја остават да ја врши својата работа на функцијата министер, била мета на антисемитски напади од лица кои, како  што рече, ниту бираат средства, ниту начини, ниту зборови.

– Таблата беше евтина театарска претстава, истакна Мизрахи.

Таа рече дека е жално што пратениците од власта забораавиле на историјата на Македонија, но дека е горда што била министер во преодната влада во тешка ситуација во која е Македонија, но и било чест за направи нешто за гражаните.

Претходно Спасовки образложи зошто предложил таа да биде разрешена.

-Несериозно е со Уставот да се играат играчки – кога некому му одговара, да го почитува, а кога треба да добие партиски интерес да го погазува. Ги повикувам членовите од преодната Влада со интегритет да ја извршуваат фунцкијата, да ги почитуваат законите и да го дадат својот максимален придонес во овие исклучително важни услови за земјата, рече Спасовки.

Спасовски изрази надеж дека ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже демократски капацитет и ќе предложи нов кандидат за министер.

-Побарав Мизрахи да биде разрешена по серијата нејзини настапи на кои грубо ги прекрши законите кои го уредуваат уставното име на земјата. Во Владата не го корегираше ова свое однесување. Секој треба да ги почитува Уставот и законите, а институциите мора да функционираат беспрекорно, нагласи премиерот.

Нашата држава, потенцира, е во многу значаен период кога треба да се организираат фер, демократски избори и да се завршат активностите за членство во ЕУ и НАТО. Затоа, да направиме сé за да дадеме што повеќе позитивни аргументи за да добиеме датум за почеток на преговорите.

Треба да знаете
Последни објави