Search

Министерката Дескоска ќе се обрати на Регионалниот форум за соработка во Солун

Министерката за правда Рената Дескоска денеска ќе се обрати на Регионалниот форум за соработка во Солун на тема „Борба против лажни вести и дезинформации – Заштита на демократијата во дигиталната ера”.

Како што соопшти Министерството за правда, темите за дискусија на овогодинешниот форум се фокусираат на приоритетите на Романското претседателство со Советот на ЕУ во врска со Западен Балкан, Солунската агенда, бегалската криза и поврзаноста на регионот.

Меѓу клучните говорници на овој настан се поранешниот премиер на Грција, Папандреу, поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ и евроамбасадорот во Република Северна Македонија, Семјуел Жбогар.

Регионалниот форум за соработка во Солун, што се одржува од 15 до 17-ти овој месец под насловот „Денешните предизвици, утрешни перспективи: Балканот во 2030″, е платформа која овозможува прогресивен дијалог меѓу клучните актери од политичката, економската, академската, бизнис заедницата и граѓанското општество на Балканот.

Форумот е регионална геополитичка иницијатива која цели кон мирно решавање на регионалните спорови и зајакнување на соработката помеѓу земјите од Балканот. 

Треба да знаете
Последни објави