Search

Министерката Апостолска ја посети американската компанија „Теламон“

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес ја посети американската компанија „Теламон“, која минатата година ја започна својата инвестиција во општина Гази Баба, Скопје, каде отвори фабрика за производство на кабли наменети за автомобилската индустрија.

Таа се сретна со Вејн Клериџ, извршен менаџер за глобални операции на „Теламон“ и Ѓеорги Тренковски, генерален менаџер на компанијата во земјава, кои ја информираа министерката дека диманиката на реализацијата на инвестицијата се одвива согласно Бизнис планот, а со кој се предвидува почетна инвестиција од 4 милиони евра и 300 работни места, како и проекции за нејзин понатамошен развој и достигнување на вредност од 11 милиони евра, со отворање на 600 нови работни места.

Министерката Апостолска порача дека Владата е одлучна и посветена во реализирањето на економските политики кои ќе создаваат подобра и атрактивна бизнис клима, како за домашните така и за странски компании.

„Инвестицијата на „Теламон“ носи реални продобивки за нашата економија, отвори нови работни места, овозможува пристап до напредни знаења и технологии, дава позитивен импакт на извозот, на растот на БДП. „Теламон“ е одличен пример кој испраќа силна мотивација и за следни странски директни инвестиции во Северна Македонија, успешна компанија која покажува дека се движиме во правец на создавање на силна економија со еднакви и стимулативни шанси за сите компании“, рече министерката Апостолска на средбата со менаџментот.

Министерката Апостолска го посети и производствениот погон на компанијата, при што го разгледа целокупниот производствен процес на компанија, запознавајќи се со напредните технологии кои се итегрирани во него и нивото на вештини кои се користат од страна на вработените.

Компанијата „Телaмон“ е со седиште во Кармел, во американската држава Индијана, а присутна е во Мексико и Кина. Северна Македонија е првата земја во која инвестираат во Европа и градат фабрика за опслужување на европскиот пазар. За поддршка на оваа инвестиција, минатата година министерката Апостолска во име на Владата потпиша и Договор за државна помош.

Треба да знаете
Последни објави