Search

Миниран автомобил експлодира во сирискиот град Ќамишли, има жртви

Миниран автомобил експлодирал во областа Кадур Бик од сирискиот североисточен град Ќамишли, кој се наоѓа во близина на границите со Турција и Ирак, објави „Сирија ТВ“.

Во извештајот се вели дека во терористичкиот напад има повредени и загинати меѓу цивилите, но не беа објавени никакви бројки.

Експлозијата, наводно, се случила пред локалното седиште на курдските безбедносни сили „Асаиш“. И покрај присуството на претставници на Дамаск во многу владини објекти, Ќамишли е најмногу контролиран од силите на Курдската народна заштита (ЈПГ).

Минатата недела беше пријавена експлозија во областа Думар во главниот град Дамаск. Експлозијата во депото за муниција доведе до шумски пожар, но не резултираше со жртви.

Градот претрпе неколку терористички напади во последниве години, од кои повеќето беа, наводно, организирани од терористичката Исламска држава. Еден од најкрвавите напади се случи во јули 2016 година во кој загинаа 40 лица.

Треба да знаете
Последни објави