Search

Минимален пораз на македонските ракометарки од Норвешка

Македонската женска ракометна репрезентација загуби минимално вечерва во првиот од двата пријателски натпревари закажани во Скопје против Б – селекцијата на Норвешка со 26:27.

Натпреварот се одигра зад затворени врати во СЦ „Борис Трајковски”. Вториот натпревар кој ќе биде одигран в сабота со почеток од 16 часот ќе биде отворен за публиката.

Македонските ракометарки вечерва заминаа на полувреме со предност од 17:14, но вториот дел донесе резултатски пресврт и триумф на крајот на Норвежанките.

Најефикасна во македонските редови беше Леонида Гичевска со шест погодоци.

Треба да знаете
Последни објави