Search

Минеаполис им забрани на полицајците да применуваат сила со задушување при апсење

Градското собрание на Минеаполис донесе одлука за забрана за задушување на лице за време на полициско апсење.

Одлуката доаѓа по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд пред 10 дена, кој почина откако полицаец го притискал на вратот со коленото повеќе од осум минути.

„Ова е време кога можеме целосно да го промениме начинот на дејствување на полицијата“, рече градоначалникот Џејкоб Фреј, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека во минатото имало проблеми со воведување на вакви промени, но дека сега тие можат да се спроведат.

Треба да знаете
Последни објави