Search

Минатиот месец 3.000 мигранти се обиделе од Србија да влезат во Унгарија

Според најновите податоци на унгарската полиција, во ноември околу 3.000 мигранти се обиделе илегално да влезат во ЕУ, што годинава преставува најголем број за еден месец, пренесува РТС.

Како што се наведува, најголем број од нив се обидуваат да преминат со прескокнување, со сечење или со заобиколување на жичената ограда на унгарско-српската граница.

Унгарската полиција објави видео снимки на кои се гледаат мигранти како ја прескокнуваат оградата на унгарско-српската граница.

Треба да знаете
Последни објави