Search

Минатата недела државна помош побарале 742.000 невработени Американци

Минатата недела државна помош за невработени побарале  742.000 Американци, наведе американското Министерство за труд, што е над предвидувањата на Волстрит.

За ваквиот број на апликации за помош придонело и пламнувањето на кризата со коронавирусот во САД, што се заканува со повторно затворање на компаниите, пренесува „Њујорк пост”, повикувајќи се на соопштението на федералното министерство.

Со најновите барања за надоместоци за невработеност, вкупниот број поднесени апликации за време на пандемијата, достигна околу 68,1 милиони, што е еднакво на износот од над 42 проценти од работната сила во земјата, додава „Њујорк пост”.

Ова е прво зголемување на бројот на апликации во последниов месец, што е под директно влијание на воведувањето новите мерки за затворање во некои градови и сојузни држави.

Една недела претходно, помош од државата побараа 709.000 невработени Американци.

-Наоѓањето работа може да биде проблем затоа што многу земји повторно воведуваат ограничувања заради Ковид-19. Бизнисите можат да се соочат со краткорочни нарушувања на деловните активности и опаѓање на побарувачката поради крајот на мерките за фискална помош и падот на приходите на потрошувачите, смета економистот на Блумберг, Елиза Вингер.

Треба да знаете
Последни објави